Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски на најдобар можен начин ја почна новата 2024-та година.

Миовски беше стрелец и асистент за својот тим Абердин во победата над Рос Кантри.

Во дуелот од 22.коло на шкотската Премиер лига, Абердин славеше на гостински терен со 3-0.

Во првиот дел МекГрат постигна два гола, првиот по асистенција на Миовски.

Македонецот имаше неколку шанси, а ја искористи онаа во 80-тата минута. Миновски и избега на гостинската одбрана и со соло акција ги постави конечните 3-0. За Миовски тоа е 15 гол сезонава во дресот на Абердин.

Абердин е осми со 22 бода колку што има и седмо рангираниот тим на Данди. Двете екипи заостануваат три бода зад шесто пласираниот Хиберниан, во трка за позицијата што води во разигрувањето.