Анжела Платон ќе има нова улога во екипата на ЖРК Вардар. Таа биде нов тренер на сениорскиот тим. Александар Царчев кој беше прв тренер претходните две сезони ќе работи со голманите во сите категории.

Анжела од претходната година стана дел од стручниот штаб на сениорската екипа како помошник тренер на Александар Царчев. Платон веќе долги години е дел од ЖРК Вардар, таа беше предводник на младинските екипи.

Анжела Платон е дел од златната генерација на Кометал со кои во 2002 година станаа Европски Шампиони. Исто така таа беше поранешна репрезентативка на Македонија.

Екипата на Вардар оваа полусезона заврши на петтата позиција на табелата.

Ивона Кимовска