Лидерот на табелата во Серија А, екипата на Интер освои само бод на гостувањето кај Џенова. Во натпреварот од 18.коло Џенова и Интер одиграа без победник 1-1.

Двата гола беа постигнати во самиот финиш на првото полувреме.

Фаворитот Интер поведе со голот на Арнаутовиќ во 42-та минута.

Се играше седмата минута од дополнувањето (45+7) кога Романецот, Драгусин го израмни резултатот.

Бадијала беше иницијативата на гостите од Милано во вториот дел кога тоа не го промени резултатот.

Интер ќе остане лидер на табелата, а сега има 45 бодови, пет повеќе од второ пласираниот Јувентус кој утре го игра дербито со Рома.

Џенова е дури на 13-тата позиција со само 20 освоени бодови.

Standings provided by Sofascore