Најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе одигра контролен, пријателски натпревар со селекцијата на Хрватска.

Ова денеска го потврдија со Фудбалската федерација на Македонија, од каде информираат дека натпреварот ќе се игра на 3 јуни 2024 во Ријека.

Дуелот против бронзените од последното Светско првенство ќе биде вистински предизвик за избраниците на селекторот Благоја Милевски.

„Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар.

Тоа е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција.

Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и се разбира да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари,

изјави селекторот Благоја Милевски.

Последниот натпревар против Хрватска, македонските фудбалери одиграа на 12 октомври 2012 година од квалификациите за СП 2014. На Националната арена во Скопје, противникот славеше со 2:1. На досегашните осум дуели против Хрватска, Македонија има една победа (17.11.2007, 2:0, квалификации за ЕП 2008)) и два нерешенни резултати.