Македонската фудбалска репрезентација против бронзената од Мундијалот, Хрватската ќе одигра контролен натпревар во Ријека на 3 јуни.

Хрватскиот селектор Златко Далиќ вели дека Македонија ќе биде одлична проверка за „коцкестите“ пред нивниот настап на ЕУРО 2024-та.

„Македонија ни е одличен противник во таа прва фаза од подготовките за ЕП.

Тоа е репрезентација која есенва ремизираше дома со Италија и Англија, што покажува дека ни претстои вистински тест преку кој ќе дознаеме каде сме во тој момент и што треба уште да работиме пред да заминеме во Германија.

Со оглед на подготовките во Риека, сакавме да играме во Рујевица за да избегнеме дополнително патување, па овој договор исполнува се што сакавме од тоа прво натпревар во јуни “,

изјави селекторот Златко Далиќ .

Со селекторот се согласи и претседателот на Хрватската федерација Маријан Кустиќ. Тој истакна дека лесно и брзо е постигнат договор за овој натпревар со ФФМ.

„Им благодарам на мојот колега, претседателот Муамед Сејдини и на моите пријатели од Фудбалскиот сојуз на Македонија, за пријатната комуникација и постигнатиот договор во врска со одигрувањето на овој пријателски натпревар, кој одлично се вклопува во плановите на нашата репрезентација пред ЕП.

Македонија покажа во квалификациите дека е непријатен противник и за најсилните репрезентации, па ќе биде сериозен тест и за хрватската репрезентација во пресрет на последниот дел од подготовките за ЕП, а гледачите ќе можат да уживаат интересен и квалитетен натпревар“ , изјави п Кустиќ .