Екипата на Јувентус потешко од очекувано стигна до трите бодови на гостувањето кај Фросиноне. 

Во натпреварот од 18.коло на Серија А, Јувентус славеше победа со 2-1.

Mладиот турски фудбалер Кенан Јилдиз имаше деби од соништата во стартните 11-мина дресот на Јувентус. 18-годишниот Јилдиз стана најмладиот странски фудбалер што започнат во стартните 11-мина во дресот на „Старата дама“. 

За денот на младиот Турчин да биде дополнително врежан во историјата на клубот, тој се погрижи со гол. Имено во 11-тата минута Јилдиз со соло акција му донесе предност на Јуве од 1-0. За младиот Турчин ова е седми натпревар во дресот на цено-белите, а негов прв гол.

По само шест минути игра во вториот дел Уругваецот, Баез израмни на 1-1. 

За да нема изненадување се погрижи Србинот, Душан Влаховиќ. Тој го замени стрелецот на првиот гол Јилдиз во 54-тата, а во 81.минута го постигна вториот гол за победа од 2-1.

Јувентус е на второто место на табелата сега со 40 бодови еден помалку од водечкиот Интер кој попладнево го пречекува Лече (18 часот).

Standings provided by Sofascore