Првото до двата денешни дерби дуели во женската Супер лига им припадна на ракометарките на Металург Автокоманда.

Во дуелот од 13.коло, одигран попладнево во Скопје, Металург Автокоманда славеше победа над Куманово со 24-17.

Кумановки беа рамноправни се до 4-4, по што следуваше низа од шест гола на домашниот тим и водство со 10-4. Предноста ракометарките на Металург одржуваа, а на полувремето заминаа со +5 (13-8). Во вториот дел гостинките од Куманово во 50-тата минута стигнаа и до гол негатива (18-19). Сепак, до крајот на натпреварот не постигнаа ниту еден гол, па домаќинките заслужено се радуваа на триумф.

Најефикасна во победничката екипа беше Теодора Гулицоска со 7, додека Габриела Трајковиќ постигна 6 гола. Со оваа победа Металург Автокоманда се зацврсти на третото место на табелата со трои бода повеќе од Куманово.

Попладнево беше  одигран и натпреварот меѓу Деспина и Пелистер, а победа забележаа домашните ракометарки со 25-19. На гостинките не им помогнаа ниту 9 гола на Моника Босиловска. Во победничката екипа најефикасна беше Мери Гичева со 5 гола.

Вториот дерби натпревар се игра попладнево од 18 часот, а во него Ѓорче Петров го пречекува Вардар. Натпреварот може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 13.КОЛО
САБОТА
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – КУМАНОВО 24-17
ДЕСПИНА – ПЕЛИСТЕР 25-19
18:00 СПАРТАК – СТРУЖАНКА
18:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВАРДАР
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ГЕВГЕЛИЈА
Одиграно вчера
СКОПЈЕ – ШАМПИОН 29-31
Одиграно претходно
ЧАИР – АСТИБО 45-37

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 36 бодови, Чаир 34, Металург Автокоманда 33, Куманово 30, Вардар 28…