Лионел Меси продолжува со брилијантните настапи. По Светското првенство, Меси сега голгетерската форма ја продолжи во дресот на Интер Мајами.

Тој постигна два гола, а имаше и асистенција во триумфот на тимот од Флорида со 4-2 против Атлетико Сан Луис во Лига Купот.

Аргентинскиот велемајстор уште во првото полувреме ја потврди својата класа и ја обезбеди победата за својот тим. Откако противникот поведе во четвртата минута (0-1), Меси во 11-тата на 1-1.

Теласко Сеговија донесе целосен пресврт, а пред крајот на полувремето, Меси повторно се запиша во стрелците за уште поубедливо водство на домаќините (3-1). Во судиското продолжение, Меси му асистираше на Микаел за 4-1.

Натпреварот беше прекинат на 30 минути во второто полувреме поради силно невреме и грмотевици во зоната на стадионот. Со овие два гола, Меси стигна до рекордни 14 погодоци во четиригодишната историја на ова натпреварување.