Во босанскиот град Широки Бријег се игра третиот турнир во оваа конкуренција, а на програмата се 6-тото и 7-то коло.

Откако вчера битолски Пелистер беше поразен од домашниот тим на Широки, денеска ќе настапи екипата на ТФТ.

Тимот од скопската населба Тафталиџе за противник ќе ја има црногорската екипа на Сутјеска.

Тоа ќе биде на дуел на екипи од долниот дел на табелата. Имено ТФТ во изминатите пет натпревари оствари само една победа, додека Сутјеска се радуваше на два натпревари.

Имајќи в предвид дека натпреварувањето е на половина од предвиденото, победа е императив за двата тима, доколку сакаат да фатат приклучок со екипите од горбиот дел од табелата.

Натпреварот ТФТ – Сутјеска ќе почне во попладневниот термин од 18 часот.

Оваа шеста рунда ќе биде заокружена утре уште еден македонско-црногорски дуел во кој МЗТ Скопје Аеродром ќе игра против Подгорица .