Вечерта во НБА лигата ја одбележа дуелот на балканците Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Србинот, Јокиќ со својата екипа Денвер на крајот се радуваше на триумф над Далас, предводен од Словенецот, Дончиќ. Шампонот Денвер го победи Далас со 130-104.

Индивидуално, Дончиќ беше оној што беше подобар. Словенецот натпреварот го заврши со дабл-дабл ефект со  38 поени и 11 скока, на кои додаде и 8 асистенции. Јокиќ пак имаше скромен поентерски учинок од само 8 поени, со 9 скока и 7 асистенции.

Од индивидуалните настапи за одбележување е оној на Џоел Ембид. Кошаркарот на Филаделфија постигна 40 поени „зачинети“ со 14 скокови и 6 асистенции, но неговиот тим загуби од Чикаго со 104-108.

А, нај неизвесниот натпревар го одиграа Кливленд и Хјустон. Победа славеа домаќините со 135-130 по продолжението. Донован Мичел со 37 поени беше најзаслужен за овој триумф на Кливленд.