Битолски Пелистер го претрпе четвртиот пораз во АБА2 лигата. Пелистерци се поразено до домаќинот на третиот турнир Широки Бриејг.

Тренерот на битолчани Дарко Радуловиќ, причината за овој пораз ја гледа пред се во скок играта.

„Игравме квалитетно прво полувреме.

Во второто „енергетски“ беа по квалитетни противниците. Имавме проблеми со скокот, на што мораме да работиме, а нивната агресивна игра во одбраната придонесе за лошата реализација.

Немавме решение ниту за расположениот Нутали (29 поени).

Но, тоа е сега ќе мора а се насочиме кон следниот натпревар“, изјави Радуловиќ.

Веќе во среда Пелистер ќе го одигра дуелот со загрепска Цедевита Јуниор.