Екипата на Струмица жени ја оствари и 13-тата победа во одбојкарска Прва лига.

Во првиот меч од 13-тото коло струмичанки го совладаа актуелниот првак Работнички и тоа на гостувањето во Скопје со 3-1 во сетови.

Уште во првиот сет гостинките најавија дека се дојдени да го продолжат победничкиот тренд. Го добија сетот релативно лесно до 25:19. Во вториот шампионот возврати на ист наличи и со 25:17 израмни на 1-1 во сетови.

Следните два сета беа резултатски гледано рамноправно, но и во нив одбојкарките на Струмица ја контролираа играта. Третиот го добија со 25:22, а четвртиот со 25:21 за конечни 3-1 во сетови.

Ова беше втора победа на стумичанки сезонава во дуелот со шампионот, а вкупно 13-та во исто толку одиграни натпревари. Работнички пак го претрпе шестиот пораз по кој останува на четвртото место на табелата.

Во рамките на ова коло вечерва се играат уште два натпревари о Штип и Струмица. Колото ќе биде заокружено со натпреварот Фит Фан волеј – Јанта волеј закажан за 20 декември.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 13.КОЛО
среда
РАБОТНИЧКИ – СТРУМИЦА 1-3
19.00 МЛАДОСТ УГД – ВАРДАР жени
20.00 НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ВАРДАР ЕМ
20.декември
20.00 ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – ЈАНТА ВОЛЕЈ

ТАБЕЛА: Струмица жени 13-0, Наковски волеј 9-3, Јанта волеј 9-3, Работнички Скопје 7-6, Фит фан волеј 5-7, Младост УГД 4-8, Вардар ЕМ 2-10, Вардар жени 0-12.