Екипите на Наполи и Копенхаген се пласираа во нокаут фазата на Лигата на шампионите. Ова е епилогот по вечерва одиграните натпревари од последното 6.коло во групите 

Италијанскиот првак Наполи славеше во дуелот со португалската Брага и го обезбеди второто место зад Реал. 

На дуелот во Неапол, домаќините поведоа рано уште во 9-тата минута. По пробивот и нафрлувањето на Политано, Турчинот, Сердар Саатчи си постигна автогол. Иако гостите игра офанзивно и се обидуваа да стигнат до израмнување тоа не се случи, напротив. Во 33-тата минута Виктор Осимен му донесе предност на Наполи од 2-0.

Во групата на „смртта“ (А), покрај минхенски Баерн осминафинале обезбеди и Копенхаген. Данскиот првак е големо изненадување. Копенхаген вечерва го совлада Галатасарај со голот на Лерагер во 50-та минута и го освои второто место. Како трет заврши тимот на Галатасарај, додека Манчестер Јунајтед го заврши својот настап на европската сцена.

Сосиедад како прв и Интер како второ рангирана, завршија во Д групата од која Бенфика ќе игра во Лигата на Европа. 

Претходно беа одиграни и средбите од Б групата од која Арсенал и ПСВ се осминафиналисти, а Ленс ќе игра во Лигата на Европа.

За кратко овде (на едно место) ќе може да ги видите сите голови, од денешните натпревари.

 

А ГРУПА
КОПЕНХАГЕН – ГАЛАТАСАРАЈ 1-0
МАНЧЕСТЕР Ј. – БАЕРН МИНХЕН 0-1

Standings provided by Sofascore

Ц ГРУПА
НАПОЛИ – БРАГА 2-0
УНИОН БЕРЛИН – РЕАЛ МАДРИД 2-3

Standings provided by Sofascore

Б ГРУПА
ЛЕНС – СЕВИЉА 2-1
ПСВ – АРСЕНАЛ 1-1

Standings provided by Sofascore

Д ГРУПА
ИНТЕР – Р. СОСИЕДАД 0-0
САЛЦБУРГ – БЕНФИКА 1-3

Standings provided by Sofascore