Реал Мадрид и Реал Бетис си ги поделија бодовите. Во натпревар одигран во Севиља, полн со возбуда најреален резултат беше реми.

Во првото полувреме шанси имаше на двете страни, но голманите беа на нивото на задачата.

Белингам со нов гол го отвори резултатот во вториот дел во полза на Реал. Бетис преку „бомбата” на Руибал изедначи.

По ремито Реал останува лидер во Премиера со 39 бодови, еден повеќе од Џирона. Бетис е на 7-та позиција со 26 бода.

Андреј Велјаноски