Супер интересен и неизвесен натпревар одиграа екипите на Аталанта и Милан. Во мечот со  пет постигнати голови на победа се радуваа домаќините со 3-2.

Нигериецот, Адемола Локман со два гола во два наврати му носеше водство на домашниот тим. Гостите од Милано израмнуваа преку Оливие Жиру (45+3) и Давиде Калабра (80). 

Иако двата тима се обидуваа да стигнат и до трет гол и победа. Кога сите очекуваа дека мечот ќе заврши нерешено, Колумбиецот, Муриел во 95.минута го постиган голот за огромна радост на домаќините. Аталанта победи со 3-2 и прв пат по четири години славеше против Милан.

Милан останува третото место со 29 бодови, седум помалку од лидерот Јувентус и шест помалку од Интер. 

Аталанта сега е седмо рангирана со 23 бодa.