Последното коло од првиот дел во Првата машка кошаркарска лига ќе биде отворено денеска.

Со натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ што ќе се игра вечерва од 19 часот, стартува 11-тата рунда.

Во него, шампионот и лидер на табелата МЗТ Скопје Аеродром ја превлекува претпоследното пласираната екипа Академија ФМП.

Аеродромци важат за апсолутни фаворити па, се освен триумф на МЗТ би било вистинска сензација.

Останатите натпревари ќе се играат во текот на викендот.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 11.КОЛО
Четврток
19.00 МЗТ СКОПЈЕ А. – АКАДЕМИЈА ФМП
Сабота
18.00 ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
18.00 ОХРИД – ВАРДАР
19.00 ПЕЛИСТЕР – КОЖУФ
Недела
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ЧАИР
20.00 ФЕНИКС – ТФТ

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 19 бодови, Пелистер 17, Еуро Никел 17, Работнички 16, ТФТ 16, Чаир 16, Феникс 16, Гостивар 14, Кожув 13, Вардар 13, Академија ФМП 11, Охрид 11.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)