Фудбалерите на Ливерпул забележаа важна победа во трката за првата позиција на табелата во Премиер лигата.

Во натпревар од 15.коло тимот на Ливерпул славеше на гостувањето кај Шефилд Јунајтед со 2:0. 

Отпорот на домашниот тим гостите од Ливерпул го скршија со голот на Вирџил Ван Дајк во 37-та минута. 

Во вториот дел и двата тима имаа неколку убави шанси за гол. Единствената ја искористи Шобошлај кој во четвртата минута од судиското дополнение го потврди триумфот на гостите од Ливерпул.

Со оваа победа и трите освоени бодови Ливерпул се пробива на второто место на табелата, но во исчекување на дербито меѓу Астон Вила и Манчестер Сити кое почна подоцна.