Одбојкарките на Струмица ја продолжија победничката низа во Првата лига која сега е 11 натпревари.

Во натпреварот одигран вечерва во Скопје инаку заостанат од 10.коло, одбојкарките на Струмица во пет сета славеа над Јанта волеј.

Супер интересен и неизвесен натпревар одиграа овие екипи. Првиот сет го добија гостинките со 25-21. Во вториот по голема борба подобри беа домаќинките со 26-24. Јанта успеа да поведе и со 2:1 во сетови, откако го доби третиот сет со 25-23.

Но, тоа не ги поколеба стримичанки во својата намера да останат не поразени. Напротив. Се вратија во игра добивајќи го четвртиот сет со 25-20 за израмнување на 2:2.

Тоа им даде и дополнителен мотив, па во решавачкиот Струмица беше дури и убедлива го доби сетот со 15-8, а мечот со 3:2.

Така по 11-одиграни натпревари екипата на Струмица е единствената во женската конкуренција која има исто толку победи. За домашниот тим на Јанта волеј ова беше третиот пораз.

ТАБЕЛА: Струмица 11-0 (победи-порази), Наковски волеј 9-2, Јанта волеј 8-3, Работнички Скопје 6-5, Фит фан волеј 4-7, Младост УГД 4-7, Вардар ЕМ 2-9, Вардар жени 0-11.