Сабота полека станува резервиран ден за натпреварите во Првата машка кошаркарска лига.

Така денеска на програмата се сите шест натпревари од 10.коло.

Последниот од денешните натпревари е дерби дуелот. Ќе си игра во скопската населба Чаир каде истоимената домашна екипа го пречекува второ пласираниот тим на табелата Еуро Никел.

Во СЦ „Кале“ тријна програма. На пладне во големата сала ТФТ ќе го пречека Охрид, а попладнево Работнички – Феникс.

Во малата сала на истиот центар, Вардар е домаќин на шампионот Мулти Есенс.

Скопската понуда ја заокружуваат Академија ФМП и Пелистер. Едниствениот меч надвор од главниот град е оној во Гевгелија. Таму Кожув со новиот тренер Борче Даскаловски ќе биде домаќин на Гостивар.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
Сабота 
13.00 ТФТ – ОХРИД
17.00 АКАДЕМИЈА ФМП – ПЕЛИСТЕР
17.00 КОЖУВ – ГОСТИВАР
18.00 РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС
18.00 ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
19.00 ЧАИР – ЕУРО НИКЕЛ

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 17 бодови, Еуро Никел 15, Работнички 15, Пелистер 15, Чаир 15, ТФТ 14, Феникс 14, Гостивар 13, Вардар 12, Кожув 11, Академија ФМП 11, Охрид 10.