Екипите на Јувентус и Интер одиграа без победник 1-1 во дерби дуелот од 13.коло на Серија А

Головите, а со тоа и резултатот беа решени уште во првиот дел.

Јувентус го отвори резултатот со погодокот на Душан Влаховиќ во 27-та минута. 

Но, радоста на домаќините не траеше долго. Интер стигна до израмнување преку Лаутаро Мартинез во 33-тата минута.

Со ова реми нема промени на врвот на табелата во Серија А. Така Интер и натаму е лидер со 32 бода, а чекор зад него е Јувентус со 30 бода.

Андреј Велјаноски