Големо славје во таборот на Дукати откако италијанецот Франческо Бањаја со победа ја одбрани шампионската титула во кралската класа во Мото ГП шампионатот.

Бањаја со стил и победа во Валенсија ја заврши турбулентната 2023 сезона откако шампионот не се знаеше се до последната трка.

За италијанецот ова е трета титула во кралската класа, а втора по ред откако ја освои и минатата 2022 сезона.

Зад Бањаја завршија и обезбедија место на подиумот уште и Џиантонио и Зарко.

Најголемиот конкурент на Бањаја, шпанецот Хорхе Мартин не ја заврши трката откако заврши во песокот по само три извозени круга.