Кошаркарките на Баскет Кам го добија дерби дуелот со МЗТ Скопје А. во 7.коло на женската Прва лига.

На натпреварот одигран попладнево во „Јане Сандански“ актуелниот шампион славеше со 67-51.

Гостинките одлично го отворија натпреварот и поведоа со 9-0. Веќе на првата пауза имаа и двоцифрена предност 26-14. Во ист ритам го продолжија и вториот период, па на полувремето заминаа со 17 поени разлика (42-25).

Второто полувреме беше само чиста рутина па тимот од Македонска Каменица славеше со 16 поени разлика 67-51.

За Баскет Кам ова е шеста победа, додека за МЗТ Скопје втор пораз сезонава.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – ГРУПА „А“ – 7.КОЛО
недела
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – БАСКЕТ КАМ  ____
15.15 БАДЕЛ 1862 – ПРОБАСКЕТ
15.30 КУМАНОВО-ГРИЗЛИ – СТРУГА
18.00 КРИВА ПАЛАНКА – ВАРДАР

ТАБЕЛА: Баскет Кам 13, Вардар 11, МЗТ Скопје Аеродром 12, Куманово-Гризли 9, Крива Паланка 8, Пробаскет 8, Бадел 1862 8, Струга 2009 6.