Македонската женска сениорска репрезентација денес го одигра вториот пријателски натпревар против Велика Британија.

Македонија убедливо ја совлада репрезентацијата на Велика Британија со 34:19.

На почетокот на натпреварот се играше израмнето се до 5-тата минута. Нашата репрезентација со серија 8-0 во 15-тата минута успеа да поведе со 10:2. Црвено-жолтите постепено ја зголемуваа предноста. На полувреме заминаа со позитива од +11 (16:5).

Во 35-тата минута Македонија ја зголеми предноста на 19:6. Велика Британија се обидуваше да ја намали негативата но, нашата репрезентација не им дозволи и во 20-та минута поведе со +15 (29:14).

Црвено-жолтите успешно ја одржуваа предноста до крајот на натпреварот. Крајниот резултат беше 34:19.

На првиот натпревар Македонија ја победи репрезентацијата на Велика Британија со 36:17.

Овие пријателски натпревари се дел од подготовките за квалификациите за ЕП 2024.

Ивона Кимовска