Со последната 23-та трка во Формула 1 шампионатот што викендов се вози за ГН на Абу Даби, завршува 2023 сезона.

На последниот слободен тренинг Шарл Леклерк од Ферари постигна најдобро време (1:24.809 минути).

Најблиску до Леклерк беше Британецот Ландо Норис со својот Мекларен со време (1:24.852), а трет со (1:24.982) беше Макс Верстапен од Ред Бул.

Меѓу најбрзите пет се најдоа Ботас, Перез и Расел од Мерцедес кој беше најбрз на првиот тренинг.

Шампионатот за 2023 година е од поодамна решен. Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул веќе ја обезбеди третата титула по ред во конкуренција на возачи со освоените 549 поени со дури 18 рекордни победи.

Мексиканецот Серхио Перез, ќе заврши на второто место со 273 поени, а третото место го обезбеди седумкратниот светски шампион Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес со 232 бода.

Ред Бул со 20 победи на 21 трка досега ја обезбеди титулата кај конструкторите со освоените 822 бода.

Борбата за второто место е отворена, а Мерцедес има само четири бода предност пред Ферари.

Денеска од 15 часот е закажана квалификациската сесија за неделната трка која ќе започне во 14 часот по средноевропско време.