Фудбалерите на Атлетико ја победија Мајорка во Мадрид со 1:0, во натпреварот од 14.коло на шпанската Ла Лига.

Решавачкиот гол го постигна Антоан Гризман во 64-тата минута.

Пи центаршутот на Хермосо, на вистинското место беше Французинот, кој со глава од 12 метри ја испрати топката во мрежата на Рајковиќ.

Атлетико сега е трет на табелата со 31 бод, три помалку од лидерот Џирона и еден зад второпласираниот Реал Мадрид.

Мајорка е на 17. позиција со само девет бодови на своето конто.