Макс Ферстапен од Ред Бул утре ќе стартува од пол-позицијата на последната трка во сезоната што се вози за ГН на Абу Даби.

Тој го извозе најбрзиот круг за 1:23.445 минути и ги остави зад себе Леклерк од Ферари и Пјастри од Мекларен.

До 10-тото место се пласираа Расел, Норис, Цунода, Алонсо, Хулкенберг, Перез и Гасли.

Хамилтон и Саинц тотално разочараа на денешните квалификации и утре трката ќе ја започнат од 11-тото односно од 16-тото место.

Трката за ГН на Абу Даби, на програмата е утре од 14 часот.