Македонскиот вицепрвак Алкалоид го претрпе третиот пораз во ЕХФ Европската лига. На гостувањето во Данска, Алкалоид загуби од Силкеборг со 35:31.

Само едно добро полувреме (првото) не беше доволно да се изненади фаворизираниот противник.

Нашиот тим беше рамноправен во првиот дел. Иако домашниот тим имаше и три гола предност (13-12), Алкалоид успеаја да ја анулира. Стигнаа до израмнување 15:15, но примија гол во последниот напад, па Силкеборг замина со предност 17:16. 

Но, очајно го отворија вториот дел нашите ракометари. Силкебирг направи серија од 7:1 и поведе со највисоки +7 (24:17). Предводени од Марко Митев, Алкалоид за миг се врати во игра и намалија на 26:29.

Сепак немаше доволно сили Алкалоид комплетно да ја анулираат негативата па на крај загубија со четири разлика

Токму Марко Митев со 9 гола од исто толку обиди, беше најефикасниот ракометар на натпреварот.

Сепак играч на натпреварот беше домашниот голман Лонквист кој имаше 18 успешни одбрани.

Следниот вторник Алкалоид гостува во Нови Сад кај српскиот шампион Војводина. 

Standings provided by Sofascore