Македонскиот вицепрвак Алкалоид вечерва ќе го игра четвртиот натпревар во ЕХФ Европската лига.
Како и минатиот вторник, избраниците на Лазаров, за противник ќе ја имаат данската екипа Бјерингбро – Силкеборг.
Лошата реализација на чисти „зицер“ ситуации, како не промашените седмерци (5), беа главната болка во таборот на фармацевтите на првиот меч што го загубија со осим разлика (23-31).
Задачата сега ќе биде дополнително потешка во дуелот на гостински терен.
„На првиот натпревар во Скопје имавме многу добри моменти, ама исто така и имавме и многу лоши во текот на натпреварот.
Промашените пенали и зицери во Европа нé чинат пораз еве веќе втор натпревар. На дуелот со Силкеборг ја почувствуваме силата на данскиот ракомет, а за нашите млади играчи е од непроценливо значење тоа искуство.
Ги увидиме нашите грешки и се надевам ќе ги поправиме за на дуелот во Данска да го дадеме максимумот“, изјави голманот Благојче Трајкоски.
Натпреварот меѓу Силкеборг и Алкалоид ќе се игра во вечерниот термин од 20:45 часот, со директен ТВ пренос на МТВ 3 (линк за гледање).