Ракометарките на Ѓорче Петров се пласираа во осминафиналето на ЕХФ Купот.

Тие и по втор пат беа подобри од белгиската екипа Ојпен во втората рунда од квалификациите.

Откако првиот меч на гости го добија со 8 разлика (46-39), вечерва пред својата публика „Лавиците“ славеа убедливо со 12 разлика.

Иако гостинките во првото полувреме беа рамноправен противник, неколкупати имаа и гол предност, сепак во второто беа тотално надиграни.

По нерешените 24-24, ѓорчепетровки направија серија со 7-0 и се одлепија. Таквата предност рутинирано ја одржуваа за на крајот да слават со конечни 48-36.

Во редовите на Ѓорче Петров Ана Марија Коларовска и Емилија Ризоска постигнаа по 11, а Марија и Ангела Јанкуловски по седум.

Со четирите победи во исто толку одиграни средби, екипата на Ѓорче Петров се пласира во осминафиналната рунда.