Изминатата ноќ во НБА лигата донесе повеќе интересни натпревари. 

Шампионот Денвер претрпе пораз на гостувањето кај Кливленд со 109-121. Никола Јокиќ рамо влезе во проблеми со фаулите па одигра нешто под 29 минути. Србинот натпреварот го заврши со даб-даб со 18 поени и 10 скока. Со тоа стана првиот играч по 1967 година и Елгин Бејлор кој има 20 поени и 10 скока во првите 12 натпревари од сезоната.

 

И Лука Дончиќ имаше дабл-дабл со 25 поени и 10 скокови но тоа не му помогна на Далас да стигне до победа. Маверикси беа поразени пред своите симпатизери од Сакраменто со 113-129. Литванецот, Сабонис беше прво име на натпреварот со со 32 поени, 13 скока и шест асистенции, а Де Арон Фокс помогна со 30 поени и седум асистенции. 

 

Одличен беше Џоел Ембиид кому му недостасуваше една асистенција да оствари трипл-дабл. МВП-то од регуларниот дел на сезоната постигна 32 поени, 12 скока и додаде девет асистенции, во победата на Филаделфија над Бруклин со 121-99. 

Најнеизвесниот натпревар го одиграа Јута и Феник, а победа по продолжение славеа домаќините со 140-137. Кивени Дуран со 39 поени 10 асистенции и седум скока заедно со Девин Букер кој постигна 26 поени беа творци на победата на „Сонцата“. Кај „Џезерите“ се истакна Финецот, Марканен со дабл-дабл со 28 поени и 17 скокови.