Титулата во Мото ГП шампионатот со сигурност ќе се решава на последната трка од шампионатот.

Шпанецот, Хорхе Мартин уште еднаш покажа дека е крал на спринт трките откако славеше и во Катар.

Возачот на Прамак Дукати победи, Бањаја заврши петти, па сега Италијанецот има само 7 бодови повеќе од Шпанецот.

Мартин победи пред Џиантонио од Гресини и Лука Марини од тимот на ВР46 Дукати.

До 10-тото место завршија, Алекс Маркез, Франческо Бањаја, Вињалес, Биндер, Квартараро, Фернандез и Зарко.

Со новите бодови, Бањаја остана прв со 417 бода, Мартин е втор со 410, а трет остана Безеки со 323 бода откако спринтот го заврши на 13-тото место и не освои бодови.

Стартот на трката за ГН на Катар е закажан за 18 часот.