Јаник Синер забележа голема победа над светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ. 

Во 2.коло од групата 1, на завршниот турнир во Торино, а на задоволство на домашната публика, Италијанецот Синер го совлада Новак Ѓоковиќ со 2-1 со сетови.

Во мечот што траеше повеќе од три ласа љубителите на тенисот имаа можност да видат фантастични потези од двајцата тенисери.,

Мечот на двајцата тенисери траеше три часа и седум минути, а Италијанецот сосема заслужено победи.

Во првиот сет за нијанса подобар беше Италијанецот, кој го доби сетот со 7:5.

Во вториот и третиот сет се играче тај-брејк. Иако Синер во 13-тиот гем поведе со 3:0 на поени, Ѓоковиќ направи пресврт и го доби тај-брејкот со 5:7 за израмнување на 1-1 во сетови.

Во решавачкиот повторно тај-брејкот беше решавачки. Освојат Синер не пропушти шанса победа со 5:0 на поени што му осигура мирна завршница. Загуби Италијанецот само два поени и го доби сетот со 7:6 (7:2), за конечни 2-1 во сетови.

За да се пласира во полуфиналето, Ѓоковиќ во четврток ќе мора да го победи Хуберт Хуркач, кој ќе го замени повредениот Стефанос Циципас.