Екипата на Волвс со пресврт во судиското надополнување дојде до победа од 2:1 над првопласираниот Тотенхем.

На самиот старт на првото полувреме, Тотенхем дојде до предност од 1:0 со голот на Бренан Џонсон по асистенцијата на Педро Поро во 3-тата минута.

Екипата на Волвс напаѓаше се до крајот, но прекрасната одбрана на Тотенхем беше на висина на задачата.

Сепак, во првата минута од судиското надополнување (90+1) Пабло Сарабија му донесе изедначување на својот тим (1:1).

А, само шест минути подоцна (90+7) Волвс дојде и до целосен пресврт на натпреварот. Имено, Марио Лемина по прекрасната асистенција на Сарабија прекрасно биеше и го совлада Викарио за конечните 2:1.