Во Првата фудбалска лига попладнево беа одиграни четири натпревари од 14-тото коло. 

Екипата на Брера Струмица го изненади шампионот Струга Трим Лум и го порази до 2-1.  Италијанецот, Салваторе Рибаундо во 8.минута ја казни големата грешка на гостите и го доведе струмичани во водство. Во самиот финиш на првиот дел (45+1) Јанкув зголеми на 2-0. Гостите преку Незири во 77-та минута намалија на 1-2. 

Овој резултат на стружани им оди во полза на нивните конкуренти во трката за титулата. 

Во дуелите на екипите од долниот дел на табелата, Воска спорт беше подобра од Вардар, а Гостивар ја победи Брегалница со ефектниот гол на Атиемвен.

Натпреварот во Тетово почна со задоцнување речиси од половина час, а Шкендија го победи Тиквеш со 1-0.

За утре закажани се два натпревари.

Дербито ќе се игра во Кратово каде Силекс го превлекува водечкиот Шкрипи, а во Ѓорче Петров, Македонија е домаќин на Работнички. 

ПРВА ЛИГА – 14. КОЛО
сабота 
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0 
БРЕРА СТРУМИЦА – СТРУГА Т.Л. 2-1
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 1-2
ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 1-0
недела (13 часот)
СИЛЕКС – ШКУПИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ

Standings provided by Sofascore