Ракометарите на Тиквеш не видео мака во дуелот со Струга на гостински терен и стигнаа до деветтата победа.

Во натпревар од 10.коло во „А“ групата Тиквеш ја совлада Струга со 25-21.

Освен почетните 1-1, се натаму беше во знакот на гостите од Кавадарци кои во првиот дел создадоа и осум голови предност (12-4). На одмор заминаа со +7 (15-7). Таквата предност им донесе мирно второ покриеме во кое по малото опуштање на крајот победија со четири разлика (25-21).

Никола Стефановиќ  со 6 голови и беше најдобриот во победничката екипа, додека Александар Тренчевски постигна 10 гола за домаќините и беше најефикасниот на натпреварот.

Со оваа победа Тиквеш се зацврсти на 2.место на табелата. Кавадарчани сега имаат 27 бодови, три помалку од лидерот Алкалоид, а шест повеќе од Охрид.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 10.КОЛО
А ГРУПА
14.30 СТРУГА – ТИКВЕШ 21-25
17.00 АЕРОДРОМ – СКОПЈЕ недела
Е. ПЕЛИСТЕР 2 – АЛКАЛОИД 31-36
ОХРИД – КУМАНОВО 33-25

ТАБЕЛА: Алкалоид 30 бодови, Тиквеш 27, Охрид 21…