Овој викенд ќе се игра осмото коло од женската ракометна Супер лига.

Четири од седумте натпревари ќе се играат денес. Дерби е во Куманово каде гостува Чаир. Тоа е дуел на второ и четрвто рангираните екипи на табелата. Куманово  се наоѓа на второто место со 18 бодови, додека Чаир четврти со два бода помалку на (16) како и Вардар кој е трет.

Дербито ќе се игра во сала ,,Перо Наков ” и ќе започне во 16:30 часот, а судии ќе бидат Ќаев Глигор и Ќаев Спаско.

Вардарки го пречекуваат тимот на Пелистер 2012, додека Металург Автокоманда гостува кај Шампион. Спартак игра против екипата на Гевгелија во спортската сала ,,26-ти Април “.

Во текот на утрешниот ден се закажани само два натпревари. Овче Поле ќе се соочи со Деспина, а Астибо игра против Стружанка.

Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Скопје е одложен за 15 ноември, поради настапот на македонскиот шампион во Европскиот Куп.

Сите натпревари може да ги гледате во живо со едноскавен клик на посакуваниот натпревар.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 8.КОЛО
сабота
12:00  ЖРК ГЕВГЕЛИЈА – РК СПАРТАК
14:30  ЖРК ВАРДАР – ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012
16:30  ЖРК КУМАНОВО – ЖРК ЧАИР СКОПЈЕ
17:30  ЖРК ШАМПИОН – ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
недела
12:00  ЖРК АСТИБО – ЖРК СТРУЖАНКА
17:30  ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – РК ДЕСПИНА
среда (15 ноември)
00.00 СКОПЈЕ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 21 бодови, Куманово 18, Вардар 16, Чаир 16, Металург Автокоманда 15, Стружанка 13, Пелистер 13…

Ивона Кимовска