Во машката одбојкарска Прва лига комплетирано е 3.коло од новата сезона. По него екипите на Струмица и Лирија остануваат не поразени.
Актуелниот шампион Струмица без големи проблеми лесно во три сета го доби составот на Јанта волеј, додека Лирија загуби сет во мечот со Работнички.
Прв пораз претрпеа и одбојкарите на Шкендија кои не освоија ниту еден сет во дуелот со Универзитет во Тетово.
Прва лига (мажи) – 3.коло
Штип УГД – Весна Пробиштип 3:0 (25:16, 25:17, 25:13)
Лирија – Работнички 3:1 (25:22, 25:21, 23:25, 27:25)
Универзитет во Тетово – Шкендија 3:0 (26:24, 25:14, 25:19)
Струмица – Јанта волеј 3:0 (25:10, 25:14, 25.23)
Сушево – ГОК Борец 0:3 (20:25, 21:25, 19:25)
Вардар – Македонија Џио 3:0 (25:19, 25:21, 25:17)
Табела: Струмица 3-0, Лирија 3-0, Шкендија 2-1, Штип УГД 2-1, Универзитет во Тетово 2-1, Работнички 1-2, Сушево 1-2, Јанта волеј 1-2, Весна Пробиштип 1-2, Вардар 1-2, ГОК Борец 1-2. Македонија Џио 0-3.