По победата во претходното коло над шампионот Работнички, одбојкарките на Наковски Волеј од Струмица го добија и дербито против вицешампионот Јанта Волеј во Скопје.

Во натпреварот од 4.коло, струмичанки стигнаа до важна победа од 3-1 во сетови и останаа непоразени и по ова коло во првата женска одбојкарска лига на Македонија.

За Наковски Волеј ова беше значајна гостинска победа над скопскиот ривал, а резултатот по сетови се движеше (20:25, 25:20, 20:25, 16:25).

Наковски Волеј уште еднаш покажаа дека поседуваат квалитет за високи дострели сезонава и продолжуваат да го трасираат патот кон титулатa.

И градскиот состав на Струмица жени без поголеми проблеми славеше против Вардар жени 2019 со убедливи 3-0 во сетови.

Тимот на Младост УГД во Скопје го победи Вардар ЕМ со 3-1. До втората победа по ред штипјанки стигнаа со пресврт.

Па така по ова коло непоразени досега по 4.кола се тимовите од Струмица, Наковски Волеј и Струмица жени.

Прва лига (жени) – 4.коло
Јанта волеј – Наковски волеј 1:3 (20:25, 25:20, 20:25, 16:25)
Струмица – Вардар жени 3:0 (25:7, 25:15, 25:15)
Фит фан волеј – Работнички Скопје 0:3 (23:25, 19:25, 22:25)
Вардар ЕМ – Младост УГД 1:3 (25:20, 20:25, 25:27, 22:25)

Табела: Наковски волеј 4-0, Струмица жени 4-0, Јанта волеј 2-2, Работнички Скопје 2-2, Фит фан волеј 2-2, Младост УГД 2-2, Вардар ЕМ 1-3, Вардар жени 0-4.