Ракометната репрезентација на Македонија беше подобра од нашиот јужен сосед во вториот „пријателски“ натпревар одигран во Солун. 

Откако вчерашниот прв дуел заврши нерешено 29-29, денеска Македонија победи по голема борба со 23-21. 

Во првото полувреме, се играше израмнето со 21.минута кога домаќините имаа гол предност (9-8). Следуваа четирите врзани голови на Мартин Серафимов со кој Македонија поведе со 12-9. До крајот на првиот дел беше постигнат само еден гол, па Македонија на одмор замина со +2 (12-10). 

И во вториот дел се водеше вистинска „војна“ на која и „кумуваа“ грчките судии. Со нивна поддршка домашните ракометари постојано беа во резултатски приклучок. Сепак избраниците на Лазаров не ги поколеба тоа па на крајот заслужено славеа победа со гол разлика 23-22.

Овие натпревари се и единствените преде официјалниот почеток на подготовките за ЕП во Германија на почетокот на 2024-та.