Ракометните репрезентации на Македонија и Грција одиграа без победник во првиот од двата меѓусебни контролни натпревари.

Натпреварот што се одигра попладнево во Солун заврши нерешено 29-29.

Иако Македонија беше подобар противник во првиот дел и го доби со 15:12, во завршницата црвени-жолтите се спасуваа од пораз.

Грците потпомогнати од домашните судии, направија пресврт и поведоа. Имаа два гола предност во последната минута (29-27). Сепак благодарение на головите на Филип Кузмановски и Ненад Костески, Македонија остана не поразен.

Кузмановски и Пешевски со по 5 постигнати голови беа најефикасните ракометари во македонската селекција.

Утре (17.30 часот) ќе се игра и вториот дуел меѓу Македонија и Грција.