Во седмото коло од женската Супер лига Вардар го пречека тимот на Куманово. По неверојатна игра на двете страни Куманово го доби дербито со Вардар со 25:24.

Кумановки го започнаа одлично мечот и во 16-тата минута поведоа со 7:3. Но, вардарки не се откажаа и со серија од 5-1 успеаја да намалат на 7:8.

Гостинската екипа со серија од 3-0 поведоа со 10:7. Кумановки успешно ја одржуваа оваа предност па на полувреме заминаа со 12:9.

Во втората половина Куманово поведоа со максимални +5 (15:10). Црвено-црните беа упорни,  па во 47-та минута намалија на 18:19.

Последните десет минути беа клучни и двете екипи го дадоа својот максимум. Со игра гол за гол и борба за секоја топка овој натпревар беше неизвесен се до последната минута.

Иако Вардар се обиде да израмни немаше доволно време, ша Куманово успеа да извојува победа со 25:24.

Најефикасна од победничкиот тим беше Цветановска Сара со седум погодоци, додека од Вардар Сара Стефановска имаше постигнато шест гола.

Ова беше прв пораз на Вардар сезонава, додека Куманово ја забележа шестата. 

Куманово сега има 18 бодови колку и прво пласираниот тим на Ѓорче Петров кој во второто денешно дерби го пречекува Чаир. Овој натпревар можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ (линк) 

Ивона Кимовска