Тајсон Фјури останува светски шампион во тешка категорија во верзијата на ВБЦ. 

На спектаклот во Ријад, Судиска Арабија, Фјури со одлика на судиите, со три поен предност го доби мечот со Френсис Нгану. 

Во третата рунда Нигериецот, инаку поранешен светски шампион во ММА, го прати на подот Британецот. Тоа беше само седми нок-даун во кариерата во кој се најде Фјури. 

Но, и во продолжението на борбата, Нгану беше подобар, а Фјури во еден момент зададе и удар со лакт. 

Судиите очигледно „не го видоа“ сето тоа како што светската јавност го виде овој спектакл. 

Следен спектакл е закажан во очи католички Божиќ, односно за 23 декември, кога Фјури ќе боксува со непобедливиот досега Украинец, Олександер Усик.