Седумте натпревари во НБА лигата одиграни ноќеска ги одбележа кошаркарот на Чикаго, Зак Лавин. 

Тој го постигна половина од поените на Булси, вкупно 51 поен, но неговиот тим загуби на  гостувањето кај Детроит со 102-118. 

Личниот рекорд на Лавин е првиот натпревар сезонава во НБА лигата на кој еден играч постигнал 50 поени. Ден претходно тоа за малку ќе му успееше на Лука Дончиќ кој реализира 49 во триумфот на Далас над Мемфис. 

Лавин воедно го повтори остварувањето на легендата на Булси, Мајкл Џордан. Имено „Ем Џеј“ тоа го направи против Мајами Хит на 6 ноември 1996 година, а двајцата играчи притоа немаа ниту една асистенција.

Од останатите натпревари издвојуваме. 

Џоел Ембиид и Тајрис Макси постигнаа по 34 поени, во победата на Филаделфија на гостувањето кај Торонто со 114-107. 

Кевин Дурант со 27 поени и 7 асистенции, заедно со Ерик Гордон кој додаде 21 поен беа лидерите на Феникс кој на домашен терен славеше со 126-104 во дуелот против Јута.