Возачите на Ферари, ќе бидат во првиот стартен ред на трката за Големата награда на Мексико. Имено во квалификациите за пол-позицијата најбрзи времиња остварија двајцата возачи на Ферари.

Шарл Леклер ја освои втората пол-позиција сезонава, а вкупно 22-ра во кариерата, стигна за пред својот тимски колега Карлос Саинц, па двата болиди на Ферари ќе бидат во првиот стартен ред.

Од вториот, редтрката ќе ја почнат актуелниот светски шампион Макс Ферстапен и Даниел Рикардо од тимот на Алфа Таури.

Третиот ред ќе го пополнат Серхио Перез и седумкратниот шампион Луис Хамилтон.

Трката за Големата награда на Мексико, ќе започне во 21 часот по средноевропско време.