Екипата на Ливерпул ја забележа и третата победа во Лигата на Европа. На „Енфилд“ пред своите симпатизери Ливерпул убедливо со 5-1 триумфираше над Тулуз.

Прашањето на победникот практично беше решено по првите 45 минути. Домашните поведоа во деветтата минута со голот на Диего Јота, а во 16.минута Далинг го израмни резултатот.

До крајот на полувремето Ливерпул стигна до уште два гола. Прво Ватару Ендо ја затресе мрежата на ривалот во 3-0, а четири минути подоцна Дарвин Нуњез намали на 3-1.

Во вториот дел. Рајан Гравенберх во 65.минута го постигна четвртиот гол за црвените, а „петардата“ ја заокружи Мохамед Салах со гол во третата минута од судиското надополнување.

Во истата група во Белгија, тимот на Унион  го совлада тимот на ЛАСК од Линц со 2:1.

Ливерпул со максимални 9 бодови е лидер на табелата во Е групата, во која Унион и Тулуз имаат по 4, а ЛАСК е без бодови.