Новата сезона со победа ја отвори Милвоки, кој на домашен терен славеше против Филаделфија со резултат 118:117.

Демијан Лилард имаше одлично деби за „Бакс“, а на 12 секунди до крајот реализира две слободни фрлања за 118:114. „Сиксерси“ со тројка успеаја да го ублажат поразот. Лилард го предводеше тимот со 39 поени и 8 скока.

Јанис Антетокунмпо додаде 23 поени и 13 скока. Со десет постигнати поени од поле, тој достигна вкупно 5.905, поставувајќи нов рекорд на тимот во таа категорија и надминувајќи го Карим Абдул Џабар .

Најдобар кај Филаделфија беше Тајрис Макси со 31 поен и осум асистенции, додека Кели Оубре Јуниор додаде 27 поени.