Македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва ќе го игра петтиот натпревар во Лигата на шампионите.

Битолчани гостуваат на хрватскиот првак Загреб во меч од 5.коло на „А“ групата.

Иако досега ги загубија сите четири натпревари, од таборот на Пелистер најавуваат дека против Загреб ќе атакуваат на првата победа.

„Загреб е добар тим, склоп на млади и искусни играчи. Следи тежок натпревар и се надевам дека ќе одиграме на наше ниво. Растеме како екипа, но за нешто повеќе треба да не ги правиме тие грешки кои се плод на неискуство.

Со Загреб ќе ја бркаме прва победа во Лигата на шампионите.

Потоа ни следат дуелите со Вардар и Киелце, па сигурен сум дека во сите три натпревари ќе дадеме максимум“,

изјави Александар Јовиќ тренерот на Е. Пелистер.

Пред овој меч Загреб направи промена на тренерското, па дали тоа пелистерци ќе го искористат останува да се види.

Дуелот во Загреб што ќе се игра во терминот од 18.45 часот е еден од трите од „А“групата закажани за денеска.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – А ГРУПА – 5 КОЛО
четврток
18.45 ЗАГРЕБ – Е. ПЕЛИСТЕР
18.45 КОЛСТАД – КИЛ
20.45 КИЕЛЦЕ – СЕГЕД
среда
ПСЖ – АЛБОРГ 33:30

ТАБЕЛА:
1 КИЛ 8
2 ПСЖ 8
3 АЛБОРГ 5
4 КОЛСТАД 4
5 КИЕЛЦЕ 4
6 ЗАГРЕБ 3
7 СЕГЕД 2
8 Е. ПЕЛИСТЕР 0