Македонскиот ракометен вицешампион, Алкалоид денеска ќе го има своето деби на европската сцена. 

Младиот тим од Автокоманда, ќе дебитира во ЕХФ Европската лига. Прв противник е Војводина, актуелен српски шампион и минатогодишни победник во ЕХФ Европскиот куп. 

Јасно дека тоа противникот го прави фаворит, тоа го нагласи и тренерот Кирил Лазаров на вчерашната прес-конференција. 

Но, Лазаров неговите избраници ветуваат голема борба до последен миг, а доколку им се укаже шанса за добар резултат секако ќе ја зграбат. 

Алкалоид нема што да загуби, може само да добие е заклучокот на ракометните аналитичари.

Младоста, полетноста, борбеноста и желбата за докажување ќе бидат „оружјето“ на Алколоид, сметаа тие. 

Дел од овие ракометари веќе имаат искуство на настапи на силни натпревари и тоа преку репрезентативниот дрес на Македонија. Но, дали е тоа доволно да се вбројат меѓу двете екипи во силната конкуренција во Ц групата во која се и шпанската Лариоха и тимот на Силкеборг останува да се види. 

првиот показател за тоа ќе биде вечерашниот натпревар. Тој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во вечерниот термин од 20.45 часот. 

СЕ ЗА НАСТАПОТ НА АЛКАЛОИД ВО ЕВРОПСКАТА ЛИГА