Шампионот Франческо Бањаја стигна до 6-тата победа во сезоната на трката што се возеше за ГН на Индонезија.

Иако стартуваше од 13-тата позицијата, Бањаја со сигурно возење успеа на крајот да дојде до оваа важна победа која повторно го враќа на лидерската позиција во Мото ГП шампионатот.

Возачот на Дукати го искористи киксот на Хорхе Мартин кој беше лидер на стартот на оваа трка. Со неговиот пад борбата за шампионската титула во „кралската класа“, станува уште по неизвесна. 

Мартин со поените од спринтот ја презеде лидерската позиција во шампионатот од Бањаја, но по оваа трка италијанецот сега повторно е лидер.

Маверик Вињалес од Априлија заврши втор, а Фабио Квартараро од Јамаха ја комплетираше најдобрата тројка на подиумот.

Пласман меѓу првите 10 изборија изненадувањето Џиантонио кој беше четвртти, Безеки петти, Биндер, Милер, Бастианини, Ринс и Алеиш Еспаргаро.

Во генералниот пласман Бањаја има 346 бода, 18 повеќе од Мартин кој остана на 328, трет е Безеки со 283.

Следната трка се вози веќе следната недела на 22 октомври кога на програмата е 16-тата трка од Мото ГП шампионатот што ќе се вози во Австралија на патеката Филип Морис.

До крајот на сезоната остануваат да се возат уште 5 трки.