Како вчера, така и денеска, во машката ракометна Супер лига ќе бидат одиграни три натпревари во двете групи. 

Локалното скопско дерби меѓу Бутел и Пролет е натпреварот што ќе го привлече најголемото внимание.

Двата тима се веднаш зад водечката двојка на табелата во Б групата, Еурофарм Пелистер и Вардар. Домаќините во овој меч влегуваат од четвртата позиција со 3 бодови помалку од противникот Пролет кој е трето пласиран. Натпреварот е закажан за 18 часот.

Претходно во истата група ќе играат двете последно рангирани екипи Мулти Есенс и Вардар Неготино. 

Денешната програма почнува точно на пладне со дуелот од А групата меѓу Аеродром и Скопје.

Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (подолу во веста)

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 7 КОЛО

А група
денеска

12.00 АЕРОДРОМ – СТРУГА
Одиграно во четвртокот
АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ 30-22
вчера
Е. ПЕЛИСТЕР 2 – КУМАНОВО 38-29
СКОПЈЕ – ГРК ОХРИД 25-41
Б група
денеска

13.00 МУЛТИ ЕСЕНС – ВАРДАР Неготино
18.00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРОЛЕТ
понеделник
16.00 ГОЛДЕН АРТ– РК ВАРДАР
Одиграно вчера
Е. ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП 42-29